...кога бизнисот станува култура
Еуро Бизнис Центар – Скопје е приватна фирма, која се занимава со бизнис услуги, помош и поддршка на малите и средни претпријатија, изнајмување деловен простор и организирање презентации и саеми во Македонија и странство.
Еуро Бизнис Центар управува со 2000 m2 современо опремен деловен простор (повеќе од 100 комплетно опремени канцеларии) во строгиот центар на Скопје. Деловниот простор е изнајмен на респективни клиенти.
Истовремено, Еуро Бизнис Центар е задолжен за воведување на Trade Point во Македонија.
Нашата цел е клиентите да се грижат за нивните бизнис интереси, додека Еуро Бизнис Центар се грижи за се останато. Еуро Бизнис Центар е концепиран да дава неопходни решенија на компаниите и деловните луѓе, во високо професионална средина, со престижен имиџ.
Попаметен начин до бизнис!
Еуро Бизнис Центар е дел од мрежи кои се распространети ширум светот и обезбедуваат иновативни решенија за компаниите кои бараат канцелариски простор и услуги на деловна поддршка. Ние како компанија сме фокусирани да им помогнеме на сите, започнувајќи од претприемачи до мултинационални корпорации, во задоволувањето на нивните потреби. Заедничка карактеристика на нашите клиенти е удобност, флексибилност и економичност. Без оглед дали Ви е потребна опремена канцеларија или сала за состаноци на часовна основа или услуга на деловна поддршка, ние сме вистинските!
горе
Еуро Бизнис Центар - Скопје е член на:
WORLD-WIDE BUSINESS CENTRES NETWORK
Основана во 1970 и досега е развиена во повеќе од 150 локации ширум светот. Мрежата на членови вклучува селектирана група на првокласен, независно раководен и оперативно услужен деловен простор ширум светот со долгогодишно искуство во бизнисот.
EXHIBITION MANAGEMENT EUROPE
Основана во 1998 како нова, млада и динамична организација со основна мисија да стане платформа за организаторите на саеми, каде тие ќе можат да ги споделат своите идеи и искуства и да дискутираат за последните трендови и предизвици во оваа динамична индустрија.
WORLD TRADE POINT FEDERATION
Меѓународна, невладина и непрофитна организација произлезена од иновативната програма на UNCTAD. Низ мрежа од преку 120 центри за трговски информации и подршка на трговијата, познати како Trade Points , WTPF им помага на малите и средни претпријатија во повеќе од 80 земји ширум светот да се вклучат во меѓународната трговија преку употреба на современи електронски технологии.
горе |