За насКанцеларииСаеми200 НајголемиКлуб 200КозметикаМеталсистемМултикомпензацииКонтакт
About Us Image - Diagonal Wave Lines

 

 

 

 

  vino expo

 






Битола ЕКСПО МедиКо ЕКСПО Струмица ЕКСПО
   
 

МЕДИКО ЕКСПО 2006

саем за медицина и козметика
21 – 23 Септември 2006
Мултимедијален Центар  – Мала Станица, Скопје

Под покровителство на Лекарската Комора на Македонија, Стоматолошката Комора на Македонија и Фармацевтската Комора на Македонија, а во организација на Еуро Бизнис Центар ДОО Скопје, од 21-23 Септември во Мултимедијалниот центар “Мала станица“- Скопје се оддржа меѓународниот саем за медицина и козметика насловен МЕДИКО ЕКСПО 2006.

Свеченото отворање на Медико Експо се одржа на 21 Септември во 11:00 часот, со говор на Министерот за здравство г. Имер Селмани.

На МЕДИКО ЕКСПО се претставија реномирани компании од полето на медицината од земјата и странство, кои ги промовираа своите производи и услуги. Исто така, на манифестацијата земаа учество и компаниии од областа на козметиката каде ги претставија своите најнови производи

На саемот учествуваа околу 40 компании од Македонија, регионот и Европа и тоа од различни индустрии како:

  • Мeдицинсkа опрема
  • Стоматологија
  • Фармација
  • Козметика
  • Друго

Саемот беше збогатен и со повеќе дополнителни активнoсти, односно предавања од експерти, а во организација на реномирани компании и здруженија од Македонија. Предавањата, кои беа посетени од голем број на слушатели, беа од врвни доктори и професори специјалисти во својата област, како на пример:

Предавање од стручен тим на РЕМЕДИКА,
Предавачи: д-р Павле Димчев, д-р Катерина Станкова и д-р Зоран Петановски;

Предавање на тема: “Нов различен пристап во MRI дијагностиката: отворен MRI, перформанси и предности“
Предавач: Г-дин Дидиер Пивин, Export Manager South Europe Hitachi Организатор: Би-МЕК ДОО;

Предавање на тема: “Клиничко значење на инвазивниот и неинвазивниот хемодинамски мониторинг кај пациентите на интензивна нега“,
Предавач: специјалист интернист Д-р Тања Анѓушева Организатор – Фила фарм, дооел;

Стручен состанок на Здружението на трансфузиолозите на Македонија
Предавачи: Д-р Менде Шурбески, Д-р Русе Рајчески, Д-р Славе Јордановски, Д-р Виолета Јовановска, Д-Р Тодорка Момировска, д-р Емилија Башевска, Ас.д-р Емилија Велкова.

Предавање од стручен тим на РЕМЕДИКА
Предавачи: д-р Иванка Стефановска, д-р Звонко Крстевски, д-р Марина Поп-Лазарова и д-р Јасна Анастасовска.

За повеќе информации контактирајте не на:
тел: + 389 2 310 33 80
факс: +389 2 310 33 90
e-mail: info@eurobc.com.mk

Договор – пријава за учество
Општи услови

горе