За насКанцеларииСаеми200 НајголемиКлуб 200КозметикаМеталсистемМултикомпензацииКонтакт

About Us Image - Diagonal Wave Lines

 

 

  Title - About Us

 






 
   
 

Презентација како комуникација

саеми 2006

Еуро Бизнис Центар е компанија која се занимава со организирање на саеми и изложби на домашни и меѓународни претпријатија во современ амбиент со висококвалитетна опрема за промоција и презентација.

Во 2007 година, Еуро Бизнис Центар - Скопје потпиша ексклузивен договор за претставување на компанијата CEO – Congress & Event Organization, за територијата на Македонија, за 2007 и 2008 година.

CEO – Congress & Event Organization е компанија од Косово, која што се занимава со организирање на саеми, изложби, промоции, B2B средби во Косово и Албанија.

За подетални информации околу нивните активности, посетете ја нивната web страна – www.ceokos.com.

Во текот на последните години, успешно организиравме неколку саеми и изложби меѓу кои:

  • СТРУМИЦА ЕКСПО, 02-04 Ноември 2006, Струмица
  • МЕДИКО ЕКСПО, 21-23 Септември 2006, Скопје
  • БИТОЛА ЕКСПО, 08-11 Јуни 2006, Битола
  • СТРУМИЦА ЕКСПО, 28 – 30 Октомври 2005, Струмица
  • ОХРИДСКИ ПАНАЃУР, Јули – Август 2005,2004,2003 и 2002, Охрид
  • САЕМ НА ОПШТИНИ – ЗЕЛС ЕКСПО, 21 – 22 Ноември 2003, Скопје
  • БИТОЛА ЕКСПО, 12 – 15 Јуни 2002, Битола
  • БИЗНИС КОНТАКТ Скопје – Софија – Ниш, 20 – 23 Февруари 2002
  • ДОМ ЕКСПО, Декември 2002 и 2000 – Скопје

Во 2005 година, Еуро Бизнис Центар формираше посебна фирма – Експо Дизајн, која е специјализирана за дизајнирање и изработка на изложбени штандови и организација на конференции и настани во земјата и во странство. Експо Дизајн располага и со сопствена штандовска опрема, чија што употреба е широка: штандовска конструкција, презентации, куќички за надворешни настани итн.

Наши услуги

Со цел да ги пресретнеме потребите на нашите клиенти, нудиме разновидни услуги:

  • Изложби
    Квалитетен дизајн и услуги, како и разновидни конструкциони капацитети. Еуро Бизнис Центар овозможува целосен дизајнерски пакет – од почетен концепт, до крајна имплементација.
  • Корпоративни настани, Конференции и Семинари
    Специјализирани сме за организирање на настани од било која дејност. Како Ваши партнери, нашиот тим ќе се грижи за било какви неочекувани потешкотии кои произлегуваат при организирање на еден настан или лансирање на производ, без разлика дали е на домашен или странски пазар. Привремените структури, изложбените штандови, графички, аудио визуелни услуги; се на ваш дофат – при тоа заштедувајќи време и пари.
  • Графички дизајн
    Од концепт, до извршување, ние Ви ги нудиме последните графички и дизајнерски производи. Од графички панел до плакат или печатење во било која големина, банери, само побарајте не и ќе Ве убедиме во нашата ефикасност.
  • Поинаков начин на рекламирање
    Изработуваме штандови од базични до постоечки, од конвенционални до специјални. Нашето искуство на ова поле може да Ви помогне за подобра и поуспешна извршена работа.

Ви нудиме визија, креативност, флексибилност и одлична солуција за Вашите барања.

Исто така, можеме да ве снабдиме со:

  • Изложбени панели и штандови
  • Панели за плакати
  • Специјално дизајнирани штандови
  • Развоен дизајн и производство, банери, графички приказ, беџови за име, фасцикли за конференции, постери итн.

За време на овој период, ги реализиравме следните активности:

  • Претставување на Институтот Отворено општество на саемот НВО, декември 2005 и 2002, Скопје
  • Штандовска изведба на општиот саем во Прилеп, Штип - 2005
  • Штандовска изведба на општиот саем во Гевгелија, Декември 2004
  • Претставување на МАСИТ на саемот Systems, октомври 2004, Минхен, Германија
  • ВИНО ЕКСПО, септември 2004, Кавадарци
  • Штандовска изведба на општиот саем во Holliday Inn, 2004, Скопје

горе