СТРУМИЦА ЕКСПО 2006
меѓународен саем за производство, трговија и услуги
02 – 04 Ноември 2006
Спортска Сала " Парк ", Струмица
Под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, а во организација на Еуро Бизнис Центар ДOO Скопје, од 02-04 Ноември во спортската сала “Парк” се оддржа меѓународниот саем за производство, трговија и услуги, насловен СТРУМИЦА ЕКСПО 2006.
Свеченото отворање на Струмица Експо се одржа на 02 ноември во 12:00 часот, со почесен говор на Градоначалникот на Општина Струмица, Г-дин Зоран Заев.
СТРУМИЦА ЕКСПО како меѓународен саем го поддржува развојот, комуникацијата и соработката меѓу сите деловни субјекти во овој регион. Самата манифестација претставуваше можност за производителите, трговците и другите деловни луѓе да извршат сопствена комерцијална презентација и да остварат деловни контакти со другите економски субјекти не само од земјата, туку и од поширокиот регион.
На саемот земаа учество околу 50 фирми од Македонија, регионот и Европа од различни индустрии како:
- Прoизвoди oд мaшинскa и електро индустриja
- Прoизвoди oд грaдeжнaтa индустриja
- Дрвнa индустриja
- Мебел и опрема за домаќинство
- Автомобилска индустрија
- Прeхрaмбeнa индустриja
- Кoзмeтичko - фaрмaцeвтскa индустриja
- Печатарска дејност
- Услуги
Во рамки на саемот, секоја компанија оддржа своја комерцијална презентација на која ги промовираше своите најнови производи и услуги, презентирајќи се пред пошироката публика од регионот.
За повеќе информации контактирајте не на:
тел: +389 2 310 33 80
факс: +389 2 310 33 90
e-mail:info@eurobc.com.mk
горе |