Повеќе слобода за Вашиот бизнис... Ние се грижиме за Вашата канцеларија
Еуро Бизнис Центар им овозможува на компаниите од сите големини да имаат директно присуство на пазарот, а притоа
да плаќаат само за просторот и услугите што им се потребни. Преку нашите производи и услуги, компаниите можат да
го подобрат својот деловен имиџ и да се рангираат на повисоко скалило.
Нашите комплетно опремени канцелариски пакети содржат моментални решенија за бизнис, вклучувајќи современо опремени
канцеларии, повеќенаменски работни простории, сали за состаноци, услуги на бизнис поддршка, како и напредни
телекомуникациски услуги. На краток или на долг рок, Вие плаќате за присуство, простор и услуги кои Ви требаат
и тогаш кога вам Ви се потребни.
Колкав и да е обемот на Вашиот бизнис – без разлика дали сте голема корпорација која бара ефикасни и флексибилни
канцелариски алтернативи или мало претпријатие кое е исклучително внимателно кон непотребните трошоци – Еуро Бизнис
Центар е вистинскиот избор.
Еуро Бизнис Центар Ви овозможува да се фокусирате на својата вистинска компетентност.
горе
Што нудиме?
БИЗНИС РЕШЕНИЈА
Еуро Бизнис Центар обезбедува стратешки бизнис решенија кои им помагаат на бизниси кои се во
зародиш, бизниси во рана фаза или веќе етаблирани бизниси. Ние успешно ги развиваме, дефинираме
и позиционираме овие организации, обезбедувајќи ги притоа со менаџмент кој им е потребен за
да ги задоволат своите потреби.
- Проект менаџмент за маркетинг комуникации и веб страни
- Креативен развој – дизајн, производство и дистрибуција
- Стратешки развој на маркетинг и маркетинг планови
- E-mail маркетинг
- Изготвување на писма
- Каталози
- Презентации
- Брошури
УСЛУГИ НА ПОДДРШКА
Нашиот квалификуван и обучен тим може да Ве води низ секој чекор неопходен за воспоставување на Ваше бизнис
присуство – оставајќи Ви слобода да се сконцентрирате на Вашите клиенти и деловниот развој.
Ние нудиме:
- Комплетно опремени деловни простории
- Сали за состаноци и конференции
- Организирање на коктели
- Организирање и резервирање на патување и сместување
- Локален транспорт и изнајмување на возила ( со или без возач )
- Консултантски услуги
- Симултан превод/Преведување на текст
- Привремен персонал
- Комплетна секретарска поддршка
- Изнајмување на канцелариска опрема – ЛЦД проектор, ТВ, лаптоп, факс и принтер
ВИРТУЕЛНА КАНЦЕЛАРИЈА
Доколку не Ви е потребна канцеларија, полно работно време, тогаш нашиот пакет на
виртуелна канцеларија може да е токму за Вас.
Со овој пакет добивате:
- Престижна бизнис адреса
- Телефонска линија
- Превземање на телефонски повици и пошта во име на Вашата компанија
- Примање на факсови и нивно препраќање
- Користење на сала за состаноци за средби со клиенти и презентации
горе |