| |
НАЧИН НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ
- Наменето е за сите правни субјекти, а пријавувањето можат да го прават неограничен број на претпријатија.
- Системот функционира врз основа на пријавени обврски. Секое претпријатие се пријавува преку својот ДАНОЧЕН БРОЈ и ги пријавува обврските кои ги има до своите комитенти во точен износ во дени со две децимали.
- На секој комитент покрај износот кој го должи го пријавува и неговиот ДАНОЧЕН БРОЈ.
- Висината на пријавените обврски не е ограничена.
- По пријавување на обврските, програмот ги поврзува и затвора износите помеѓу претпријатијата, до конечно затворање на износите.
- Незатворени би останале оние износи за кои не е возможно да се затворат односно пребивањето се врши само на оние комитенти кои учествуваат во системот.
- Обврските може да ги пријавувате секој ден, а најкасно еден ден пред обработка на податоците.
- За точниот датум на компензацијата сите корисници на услугата ќе бидат известени.
- Договорот за членство се склучува на одредено време. Секој корисник може да истапи од системот, со тоа што членството се прекинува, првиот ден од наредниот месец.
горе |
 |