ШТО Е КОМПЕНЗАЦИЈА?
Во Македонија е познато дека еден од најголемите проблеми на препријатијата во непреченото циркулирање на обртните средства произлегува од финансиската недисциплина (неплаќање на обврските и потешка наплата на побарувањата) на стопанските субјекти.
Неплаќањето на обврските може да произлезе од:
- Субјекти кои работат неекономично (трошоците им се повисоки од приходите)
- Субјекти кои работат успешно, но се соочуваат со ликвидни проблеми заради потешкотиите во наплатата на побарувањата
Во втората група спаѓаат голем број на претпријатија, кои имаат добар сооднос помеѓу обртните средства и краткорочните обврски, но во структурата на обртните средства поголемиот дел од средствата им се врзани за ненаплатени побарувања.
Ликвидните проблеми, стопанските субјекти можат да ги решат по пат на компензација- порамнување на побарувањата и обврските , с o што меѓусебните побарувања на две и повеќе страни се намируваат по пресметковен пат. Пребивањето се врши помеѓу најмалку два должничко-доверителски односи, кои не мора да имаат иста правна основа, побарувањата не мора да гласат на иста вредност или пак да бидат настанати во исто време.
Компензацијата (пребивањето) е регулирана со Законот за облигациони односи.
горе |