За насКанцеларииСметководство200 НајголемиКлуб 200КозметикаМеталсистемМултикомпензацииКонтакт

About Us Image - Diagonal Wave Lines

 

 

  Title - About Us

 






 
   
 

За нас

Експо Дизајн е сестринска фирма на Еуро Бизнис Центар АД Скопје, одговорна за дизајнирање и изработка на изложбени штандови и организација на конференции и настани во земјата и во странство.

Изложувањето, без разлика дали е едноставно претставување на производи или меѓународна конференција, е многу повеќе од поставување на штандови, паноа или излози. Тоа вклучува детален процес на концептуално и стратешко размислување чија цел е да создаде комплетна атмосфера која ќе придонесе во комуникацијата и размената на мисли и идеи помеѓу изложувачот и посетителот.

Ние во Експо Дизајн веруваме дека доброто изложување не само што им овозможува на посетителите да ги видат изложените производи, туку треба да им овозможи и да ја разберат фирмата и нејзините вработени, нејзините цели и деловни вредности. Преку изнаоѓање на вистинскиот начин и дизајнирање на вистинските содржини, Експо Дизајн помага да се оствари повисоко ниво на комуникација со публиката, деловните партнери и потенцијалните клиенти. На тој начин се отвораат нови деловни можности, како и развивање на постоечките активности.

горе

Наша мисија

Ние ги снабдуваме нашите клиенти со најдобри можни креативни решенија за задоволување на нивните барања поврзани со изложувања.

Наша цел е да ги надминеме нивните очекувања така што ќе обезбедиме квалитетен дизајн и техничка изведба. Веруваме дека ова може да се постигне единствено со ефективна тимска работа и партнерство со нашите клиенти.

горе

Начело на квалитет

Експо Дизајн настојува да ги задржи високите стандарди преку постојано стремење кон обезбедување на бизнис заедницата со квалитетен дизајн и услуга. Висококвалитетната услуга и желбата да се излезе во пресрет на барањата на различните клиенти ја прави Експо Дизајн различна од своите конкуренти.

Нашите начела на квалитет се засновани на:

  • Следење на најновите меѓународни трендови
  • Препознавање и разбирање на барањата на нашите клиенти и обезбедување најдобри можни решенија
  • Следење и мерење на ефективноста на испорачаната услуга
  • Континуиран развој на технологијата на изложување

горе

Наши услуги

Ние нудиме различни видови на услуги за да се задоволат барањата и потребите на нашите клиенти:

  • Изложувања
    Квалитетен дизајн и услуги, како и најразлични можности за конструирање. Експо Дизајн овозможува комплетен пакет-дизајн – од првобитна замисла до целосна изведба.
  • Собири, конференции и семинари
    Специјализирани сме за организирање на секакви деловни настани. Како Ваш партнер, нашиот тим ќе се погрижи за многу неочекувани потешкотии кои се јавуваат при организирање на некој настан или промоција на производ во земјата или странство. Привремени конструкции, изложбени штандови, графички и аудио-визуелни услуги; се токму таму каде Ви се потребни – го штедат Вашето време и пари.
  • Графички дизајн
    Од замисла до исполнување, можеме да Ви го понудиме најновото во графичкиот дизајн. Од графички паноа до постери или печатени материјали во секаква големина, букви изрежани на винил, печатење преку платно, транспаренти – само кажете ни што сакате и ние ќе се погрижиме да го добиете тоа навреме.
  • Специјална изработка
    Можеме да направиме штандови кои се едноставни па се до необични, од конвенционални до специјални. Нашето искуство на тоа поле помага да се намалат Вашите главоболки и да се обезбеди успешно завршена работа.

Ние нудиме визија, креативност, флексибилност и совршени решенија за Вашите потреби. Ние ќе го дизајнираме изгледот, ќе понудиме цена, ќе го направиме производот и ќе го поставиме навреме.

Обезбедуваме:

  • Изложбени паноа и штандови
  • Паноа со постери
  • Специјално дизајнирани штандови
  • Сценски дизајн и изведба, транспаренти, графички прикази, беџеви, конференциски папки, постери и др.

горе