За насКанцеларииСметководство200 НајголемиКлуб 200КозметикаМеталсистемМултикомпензацииКонтакт

About Us Image - Diagonal Wave Lines

 

 

  Title - About Us

 

expodesign

актуелно


Trade Point - Skopje
 
 
Вовед Што е компензација? Начин на функционирање Општи услови Станете член Пријавување обврски ЧПП
 

 

ОПШТИ УСЛОВИ

За употреба на услугите на системот за изведување на повеќестрани компензации на Еуро Бизнис Центар АД Скопје , Р.Македонија.

  1. Договорни страни
  2. Управување со системот
  3. Општо за употреба на системот
  4. Пријавување на обврските
  5. Настанување на повеќестрана компензација/резултати
  6. Бришење на пријавени обврски
  7. Сигурност на податоците
  8. Плаќање на услугите на управувачот
  9. Начин на плаќање на услугите
  10. Промена на општите услови
  11. Решавање на спорови
  12. Отстапување од членство
  13. Ценовник на услугите
  14. Важност на договор

ДОГОВОРНИ СТРАНИ

Управувач со системот: Еуро Бизнис Центар АД Скопје.

Корисник на системот: Клиент во системот за повеќестрани компензации со потпишана Изјава за Зачленување во системот;

горе

УПРАВУВАЊЕ СО СИСТЕМОТ

Управувач со системот за повеќестрани компензации е Еуро Бизнис Центар АД Скопје . Управувачот на системот е одговорен за системот за повеќестрани компензации да биде достапен на секој корисник на системот, секој ден до моментот на изведувањето на повеќестраната компензација. Управувачот на системот ја изведува повеќестраната компензација во согласност со терминскиот план , кој ќе биде објавен на web страната www.kompenzacii.com.mk

горе

ОПШТО ЗА УПОТРЕБА НА СИСТЕМОТ

Управувачот со системот му дава на корисникот на системот однапред подготвена Изјава за зачленување во системот за повеќестрани компензации, како и Општи услови за работа на системот.

Корисникот на системот ќе ги впишува податоците во системот на начин на кој системот тоа го овозможува. При тоа ќе ги почитува упатствата на управувачот со системот.

Корисникот на системот се обврзува дека, во системот ќе впишува точни податоци наменети за повеќестрано компензирање на обврските и спроведената повеќестрана компензација ќ е ја почитува и книжи во своите деловни книги. На денот на објавувањето на резултатите од спроведените компензации, обврските пријавени за повеќестрано компензирање ќе се сметаат за порамнети.

горе

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ

Со самото пријавување на обврските во системот за повеќестрани компензации, се смета дека корисникот на системот изјавил дека сака пријавените обврски да ги компензира.

Управувачот на системот не одговара за староста и стасаноста на обврските, кои корисникот на системот ги пријавува во повеќестраната компензација.

Податоците за обврските се пријавуваат на начин и во облик кој е наведен во Изјавата за зачленување во системот за спроведување на повеќестраните компензации.

Во системот за повеќестрани компензации, обврските се впишуваат исклучиво во денари и повеќестраните компензации се искажуваат исклучиво во денари.

горе

НАСТАНУВАЊЕ НА ПОВЕЌЕСТРАНА КОМПЕНЗАЦИЈА/РЕЗУЛТАТИ

Објавувањето на повеќестраната компензација настанува тогаш кога системот за повеќестрани компензации ќе го спроведе поврзувањето на пријавените обврски во согласност со терминскиот план. Системот за повеќестрани компензации му овозможува на корисникот на системот преглед на резултатите од спроведената компензација т.е. во податоците од објавената компензација (затворените побарувања и обврски) на интернет страната, наредниот работен ден по извршувањето на компензацијата.

Од тој ден, објавените резултати од затворените побарувања и обврски во повеќестраната компензација се сметаат за порамнети.

Корисникот на системот е должен да ги извести своите коминтенти (побарувачи), во рок од 3 дена од приемот на известувањето за резултатите од повеќестраната компензација од страна на управувачот со системот, дека неговите обврски се објавени како порамнети во повеќестрана компензација (со доставена спецификација на обврски). Побарувачот врз основа на доставената спецификација е должен да ги раскнижи побарувањата од должникот во своето книговодство.

Управувачот со системот не ги поправа резултатите од повеќестраната компензација, односно затворањето на обврските и побарувањата помеѓу должниците и побарувачите кои се резултат на неточни податоци внесени во пријавата од страна на корисникот на системот. Корисникот на системот сам одговара за внесените податоци во системот.

Управувачот на системот не одговара за староста и стасаноста на обврските, кои корисникот на системот ги пријавува во повеќестраната компензација.

горе

БРИШЕЊЕ НА ПРИЈАВЕНИ ОБВРСКИ

Корисникот на системот едноставно може да ги избрише податоците пријавени во системот, но најдоцна еден ден пред закажаното порамнување до 12.00 часот. Се смета дека со бришењето на податоците ја отповикал изјавата за учество во повеќестраната компензација. Доколку корисникот на системот не ги избрише обврските кои ги пријавил, се смета дека системот може да ги употреби во повеќестраната компензација во објавениот термински план.

Во случај на пријавување на обврските по пошта или по факс, изјавата се смета за прифатена кога ке биде потврдена од страна на управувачот на системот. Управувачот на системот ќе ги потврди само пријавените обврски кои физички ќе ги внесе во системот најдоцна еден ден пред спроведувањето на повеќестраната компензација до 20.00 часот.

Управувачот на системот по изведувањето на компензацијата, сите обврски кои биле пријавени во системот за повеќестрана компензација, а за кои немало покритие односно останале незатворени, автоматски ги брише од системот. Корисникот на системот, чии обврски не биле порамнети во повеќестраната компензација, ќе биде известен за тоа во пишана или електронска форма, како што е наведено во Изјавата за зачленување во системот за повеќестрани компензации.

горе

СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Управувачот на системот, е должен податоците за пријавените и порамнетите обврски да ги чува како деловна тајна.

Управувачот на системот, податоците за корисникот на системот нема да ги посредува на трети лица. Регистриран корисник на системот, може да добие информација за тоа дали неговите деловни партнери се членови на системот.

горе

ПЛАЌАЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА УПРАВУВАЧОТ

Корисникот на системот се обврзува, дека услугите на системот за повеќестрани компензации ќе ги плати во согласност со Општите услови и Договорот , кој е објавен на web страна на www.kompenzacii.com.mk.

Управувачот на системот ќе му пресметува на корисникот на системот провизија по важечкиот ценовник и тоа во рок од 8 дена по изведувањето на повеќестрана компензација на основа на резултатите од повеќестраната компензација.

Корисникот на системот е должен да ја плати доставената фактура на управувачот на системот во рок од 15 дена од датумот на издавањето на фактурата. Од валутата на фактурата па до пла ќ ањето, управувачот на системот може да пресметува законска затезна камата на корисникот на системот.

Корисникот на системот се обврзува на управувачот на системот да му ги плати сите трошоци поврзани за наплатата: трошоци за опомени, трошоци за наплата, адвокатски трошоци, судски такси итн.

Управувачот на системот прекинува со давање на услуги на корисникот на системот, доколку тој задоцни со пла ќ ањето. Во случај на неплатени обврски од корисникот на системот, управувачот на системот има право пријавените обврски во наредната повеќестрана компензација да ги исклучи од системот.

горе

НАЧИН НА ПЛА Ќ АЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Корисникот на системот се обврзува доставената фактура за провизија – услуги да ја плати вирмански или со едноставно известување директно од сметката во банката каде е депонент.

горе

ПРОМЕНА НА ОПШТИТЕ УСЛОВИ

Управувачот на системот за повеќестрани компензации го задржува правото да ги промени Општите услови за употреба на системот и цените за своите услуги. За промените ќе ги извести сите членови преку Интернет.

Секоја промена на Општите услови почнува со важност за сите корисници на системот 15 дена по првата објава на Интернет.

горе

РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ

За решавање на споровите помеѓу корисникот на системот и управувачот на системот е надлежен Основниот суд во Скопје.

горе

ОТСТАПУВАЊЕ ОД ЧЛЕНСТВО

Корисникот на системот може да го напушти системот со едноставно писмено известување испратено до управувачот на системот. Членството се прекинува првиот ден од наредниот месец.

Корисникот на системот е должен да го извести управувачот на системот препорачано по пошта со повратница.

горе

ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИТЕ

Зачленувањето е бесплатно.

Висината на провизијата пресметана на основа на износот на затворени обврски изнесува 0,95% од искажаното покритие во повеќестраната компензација. Провизија за искажано покритие до 10.000 денари не пресметуваме.

Наведените цени на услуги не вклучуваат ДДВ.

За сите услуги на системот, во согласност со ценовникот се доставува фактура.

горе

ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ

Договорот е составен во два (2) еднакви примерока, од кои по еден (1) за секоја страна. Договорот стапува на сила со денот на потпишувањето од страна на двете договорни страни.

горе