За насКанцеларииСметководство200 НајголемиКлуб 200КозметикаМеталсистемМултикомпензацииКонтакт
Club 200

генерален спонзор:

makedonski

 

  Club 200

 






 
   
 
Вовед Органи на управување Новости

ОРГАНИ НА КЛУБ 200

Органи на Клуб 200 се:

  1. Собрание на клубот
  2. Совет на клубот
  3. Претседател на клубот
  4. Координатор на клубот

1. Собрание на клубот
Собранието на клубот е највисок орган на клубот.

Собранието на клубот го сочинуваат  200-те Најголеми и Најуспешни фирми во Македонија кои што се наоѓаат на ранг листата во едицијата 200 најголеми фирми во Македонија, за последната финансиска година. Членовите во собранието ќе се менуваат од година во година, во зависност од нивните остварени финансиски резултати.

2. Совет на клубот
Собранието на Клуб 200 избира Совет. Советот го сочинуваат 15 фирми.

Критериуми за избор на членови во Советот

  1. Фирмата да се наоѓа на листата на 200 најголеми и 200 најуспешни фирми истовремено   или
  2. Фирмата да се наоѓа до 30-то место во 200 најголеми или 200 најуспешни фирми

Советот има мандат од 3 години.

3. Претседател на клубот
Претседателот на клубот го застапува и претставува Клубот.
Претседателот на клубот е избран од страна на Советот со мандат од 1 година.

4. Координатор на клубот
Координатор на клубот е постојан член во клубот, делегиран од страна на Еуро Бизнис Центар доо Скопје.
Тој е одговорен за оперативниот менаџмент на клубот, континуитетот на функционирање на клубот и административните работи.

Органите на Клуб 200 се утврдени врз основа на Правилата за функционирање на клубот.

горе